РЕЗОЛУЦИЈАТА ТРЕБА ДА ИЗРАЗУВА ДРЖАВНИ ПОЗИЦИИ А НЕ МОНОЕТНИЧКИ, БУЈАР ОСМАНИ: МНОГУ ПОКРЕДИБИЛНО ЌЕ БИДЕ ДА СЕ УСОГЛАСИ ТЕКСТОТ НА РЕЗОЛУЦИЈАТА И ТАКА ДА ДОБИЕ ПОДДРШКА ОД ДУИ

0
240

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес порача дека резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ не е одбиена, туку се’ додека не се постигне заемна согласност, нема да добие поддршка од ДУИ.

“Замислете оваа резолуција да помине во Собранието без гласовите од пратениците од другите етнички заедници. Каква порака даваме пред Бугарија? Каква порака даваме пред светот? Дека имаме етнички позиции наспроти државните? Мислам дека најголемата придобивка што ја создадовме овие 8 месеци, иако не успеавме да ја тргнеме блокадата и не успеавме да ги започнеме преговорите, е како процес на солидаризацијата, унифицирањето на ставовите на сите етнички заедници” – рече Османи.

Кога ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата, многу покредибилна ќе биде позицијата на Северна Македонија.