ЗАЕВ: НАРАЧАВМЕ ВКУПНО 2,6 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ, НО ПРИНУДЕНИ БЕВМЕ ДА ГИ ЧЕКАМЕ

0
862

Премиерот Заев во гостувањето во емисијата “Само интервју” на Канал 5 ги демантираше лагите на опозицијата дека вакцините не биле навреме нарачани и дека целиот процес затаил поради некакви провизии. Премиерот потенцира дека ги искористиле сите официјални но и индиректни контакти со цел да се забрза доставата на вакцини и од западните производители како и од руските и кинеските.

Како аргумент на тоа наведе дека Северна Македонија порачала вкупно 2,6 милиони вакцини но дека надворешни фактори влијаат тоа што доцна почнала испораката на вакцини за нас. Пред една недела проработи и Ковакс механизмот преку кој што се добиени 24 илјади вакцини Астра Зенека. Дополнително се очекуваат 76 илјади вакцини Астра Зенека до крајот на април, 10 илјади од Фајзер и пратки од Спутник и Синофарм. Изјави дека властите од големите земји набавувале огромни количини и по повисоки цени со цел да не трпат преголеми политички притисоци на домашен терен и дека поради тоа не споделиле вакцини и со помалите земји како нашата.

Рече дека кога би постоела солидарност на терен, тогаш САД од своите 100 илјади вакцини дневно можеле да отстапат барем 2-3 илјади за нас но и Германија која што вакцинира по 40-50 илјади дневно. Сепак не можеме да влегуваме во кавги со големите земји поради ова и сме принудени да ги чекаме нашите пратки.

Истовремено им се заблагодари на српските власти за тоа што веќе вакцинирале околу 10 илјади македонски граѓани во Белград, Ниш и Врање, како и за донираните две пратки по 20 илјади вакцини Спутник В.