ВМРО-ДПМНЕ : СДС Е ТОТАЛНО БЕЗИДЕЈНА, БЕЗ ДА ЈА ПРОЧИТА ПРОГРАМАТА НА ВМРО-ДПМНЕ СЕ РАСФРЛААТ СО НАВРЕДИ И ЛАГИ, ГИ ПОВИКУВАМЕ ВНИМАТЕЛНО ДА ЈА АНАЛИЗИРААТ ПЛАТФОРМАТА 1198, КОЈА НУДИ МНОГУ РЕШЕНИЈА

0
141

Почитувани,

СДС е тотално безидејна, критикува и изнесува лаги и квалификации само колку да критикува и биде присутна.

Сигурни сме дека не прочитале ниту еден ред од програмата Платформа 1198 каде има огромен број на проекти за граѓаните.

Во оваа програма се нуди трансформација и јакнење на животниот стандард.

Платформа 1198 гарантира отворање на нови 55.000 работни места и спуштање на невработеноста на 7.5%

Во програмата ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди евра за капитални инвестиции во период од еден мандат.

Буџетскиот дефицит кој сега од година во година е се поголем ќе се намали на под 3%.

Растот на економијата ќе достигне до 5% годишно.

Платформа 1198 предвидува дигитализација на државата.

Македонија земја со најниски даноци е проект кој ќе генерира нови инвестиции заедно со новата 10 годишна стретегија за привлекување на странски директни инвестиции.

Време е да ја вратиме државата на народот.