СДСМ : УЛОГАТА НА ШПИЦНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК МИЦКОСКИ ВО ТЕНДЕРОТ ОД 136 МИЛИОНИ ЕВРА ДА СЕ УТВРДИ ИНСТИТУЦИОНИАЛНО

0
450

Институциите мора да го расчистат спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица, како и обвинувањата за сторен криминал кои јавноста ги слушаат изминативе денови.

Институционално треба да се утврди и улогата на Христијан Мицкоски во овој тендер, особено што за неговата вмешаност обвинувања стигнуваат од негова кандидатка а сега и градоналничка на Град Скопје.

Данела Арсовска вчера тврдеше дека Мицкоски иако не смеел, сепак знаел детали и точни суми од тендерската постапка.

За тоа ли е Мицкоски шпицен градоначалник? За да се меша и влијае на тендери и јавни набавки, за да ги става рацете во медот?

Како овие доверливи информции дошле до Мицкоски треба да каже тој самиот, но треба да истражат и надлежните институции.

Очигледно е дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е ист како Груевски, важни му се само парите и бизнис интересите.