ГРАД СКОПЈЕ ВО СОРАБОТКА СО ЈП ,,ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО” И ГРАДСКИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ОРГАНИЗИРААТ ГОЛЕМА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ПАРК ШУМАТА ВОДНО

0
148
Почитувани,
Град Скопје во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еколошка акција за пошумување на парк шумата Водно. Во рамките на оваа голема  еко акција,  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со стотина ученици од скопските средни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ на Водно засадија 100 садници црн бор.
Со еко акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје заедно со скопските средношколци ја подигаме свесноста за потребата од чување и заштита на животната средина. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето, а истовремено ја потенцираме важноста од одговорниот однос кон животната средина без нејзино загадување и уништување.
Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности на садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје, како еден од проритетите од програмата за Модерно Скопје. Во текот на изминатата недела градоначалничката Арсовска со учениците од скопските средни училишта  „Боро Петрушевски“,„8 ми Септември“,„Михајло Пупин“ и “Панче Арсовски“ засадија 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.