(ФОТО) Десетина лица повредени во сообраќајката кај „Три бисери“ во Аеродром

0
1508

132911582-685x320

Во сообраќајната несреќа што се случи утрово кај ТЦ „Три бисери“, според првичните информации, повредени се десетина лица.

Министерството за внатрешни работи потврди дека кај нив во осум часот е пријавена сообраќајната несреќа која се случила на булеварот „Јане Сандански“ наспроти ТЦ „Три бисери“.

Судрени се два автобуса, со број три на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и приватен автобус со број 23, кои се движеле од Центар кон Аеродром.

Поврдените лица со возила на итнатата медицинска помош се пренесени во некои од скопските клиники.

Фото : МИА