ГОРАН СДК: Таков е Заев, на сите им простува, он на убијците им прости за 27-ми април не па на Бугарите, затоа ќе влеземе во ЕУ

0
1091

Народната мудрост вели: Јазикот коски нема, ама коски крши. Па дури и Бугарија да го тргне ветото и Македонија да ги почне преговорите со ЕУ до крајот на годината, ќе остане горчината на изреченото.

Ќе си речеш, ај Заев е таков. Му личи на табиетот. Не сака конфликти. Ги решава проблемите со договарање, со пазарење, со разбирање на другата страна. Практичар е. Па, тој им прости и на организаторите на нападот на Собранието на 27 април 2017 кога одвај извлече жива глава, а нема да им прости на Бугарите чии претци пред осумдесет години ги стрелале неговите претци? Ако можеше на суд да рече дека Трајко Вељаноски и Миле Јанакиески за организирање на нападот на 27 април биле изманипулирани од Груевски, тогаш нека ги оправда и Бугарите и нивниот цар Борис оти во 1941 година биле изманипулирани од Хитлер.

Целата колумна на СДК.МК ОВДЕ