ВЕЛО МАРКОВСКИ СО НОВИ КРИТИКИ КОН ВЛАСТА: ФИЛИПЧЕ НАПРАВИ ЦУНАМИ ВО ЗДРАВСТВОТО И ТРЕБА ИТНО ДА БИДЕ РАЗРЕШЕН

0
1127

Претседателот на здравствената комисија на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Вело Марковски во емисијата “Што не е јасно” на тв Алфа зборуваше опширно за текот на пандемијата во Македонија.

Особено критичен беше кон актуелниот министер за здравство, Венко Филипче за кого рече дека предизвикал цунами во здравството и затоа толку лошо се справуваме како држава со корона кризата. Поради тоа што се постапувало селективно во тој ресор и не се користеле сите потенцијали и ресурси, побара итно разрешување на министерот бидејќи катастрофално потфрлил.

Марковски изнесе податок според кој што Македонија за цела 2020 год. има регистрирано над 4500 починати од кои што се само 2000 починати од ковид во последниот квартал од годината. Се обиде да направи и кратка компаративна анализа со Белгија и САД каде што бил регистриран пораст од само 12% за таа година, а додека во Македонија порастот бил над 22%.