ГРУБИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АРТЕМИС МАЛО : ЗАЕДНИЧКИОТ ПАТ НА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ КРУНИСА ВО ГОЛЕМОТО ЕВРОПСКО СЕМЕЈСТВО

0
391

Скопје, 28 февруари – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со заменик министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-ѓа Артемис Мало.

Процесот на европската интеграција, реформите што се прават во земјава, вклучително и заедничкиот проевропски фронт, заедничките проекти меѓу двете земји, Коридорот 8, заедничкиот граничен премин, сувото пристаниште во Струга, како и 21 договори потпишани на заедничката меѓувладина средба беа дел од разговорот меѓу Груби и Мало.

Двајцата соговорници го истакнаа значењето на стабилноста во регионот, одржувањето на компактноста на европскиот пат, како и целосната поддршка на развојните политики меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

На средбата беше истакнато дека заедничкиот европски пат што го започнаа двете земји мора да се финализира со целосна интеграција во големото европско семејство.
Дел од разговорот меѓу Груби и Мало беше и спорот меѓу Република Косово и Република Србија кој беше оценет со тоа дека конечното решение преку меѓусебно признавање ќе донесе поголема безбедност и просперитет во Западен Балкан.