,,РАМО ДО РАМО” СО ГРАЃАНИТЕ НА БЕРОВО, ДЕЛЧЕВО И ЗРНОВЦИ : СО СДСМ НИКОЈ НЕ Е ОСТАВЕН САМ

0
325
Теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо до победа“ продолжија денеска со средби со граѓаните во Берово, Делчево и Зрновци.
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, заедно со Никола Рилак разговараше со граѓаните на Берово за сработеното во изминатиот период, пред се за мерките за справување со последиците од кризата, како за активностите што следат во наредниот период.
СДСМ е секогаш меѓу граѓаните, го слуша гласот на граѓаните и креира мерки и политики според потребите на граѓаните. Во период на криза ги ублаживме последиците со антикризен пакет од 700 милиони евра, со 80 отсто субвенционирани сметки за струја за граѓаните и малите бизниси, ја покачивме минималната плата на 20.175 денари, пензиите за 8,4 проценти, со СДСМ никој не е оставен сам да се справува со кризата, нагласи Костадинов, додавајќи дека разликата меѓу политиките на СДСМ и хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ е јасна и очигледна.
Видовме што се случува во општините кадешто локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. За 1 година нема ниту еден нов реализиран проект, само ги задолжуваат општините, удираат по џебот на граѓаните, а не работат ништо, Вие Беровчани најдобро ја гледате разликата, како управува СДСМ со вашата општина, а како ВМРО-ДПМНЕ во другите општини, нагласи Костадинов.
Рамо до рамо со граѓаните на Делчево денеска беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски, кои разговараа пред се за инвестициите, во патната и железничката инфраструктура, како и во обновливи извори на енергија, кои претставуваат чекор кон зелената трансформација.
Од први јануари 2022 па до крајот на февруари оваа година во државата има инсталирано нови 182 мегават производни капацитети, главно во фотоволтаици. Тоа значи снабдување на околу 67.000 домаќинства. Во февруари за 80 отсто е зголемено домашното производство на електрична енергија и за првпат среде зима извезувавме вишоци на струја. Не дозволивме да има недостатокот од струја, немаше рестрикции, спречивме и ценовен шок и за граѓаните, и за компаниите, порача Шукова.
Средби со граѓаните на Зрновци, во рамките на теренските активности „Рамо до рамо“ оствари Никица Бачовски, кој разговараше за земјоделските политики на СДСМ, креирани заедно со земјоделците, со кои што е креиран нов модел на авансно субвенционирање.