РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА КОЧАНИ И ВИНИЦА : СДСМ ЈА ОБЕЗБЕДУВА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА НА ДРЖАВАТА

0
329

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев заедно со Роберт Бекироски денеска беше меѓу граѓаните на општина Кочани.

Богоев пред граѓаните истакна дека СДСМ со своите мудри, храбри и државнички одлуки ја обезбедува европската иднина на државата, додавајќи дека токму поради таквите одлуки денес Македонија е членка на НАТО и конечно по 17 години, преговара за членство во ЕУ.

– Се наоѓаме во важен период за нашиот евоинтегративен процес и за напредок во преговорите со ЕУ. Важно е да се донесат уставните измени, затоа што тоа ќе значи отворање на првите поглавја, пристап до нови фондови и забрзување на процесот на преговори. Одговорноста за носењето уставни измени е кај сите 120 пратеници и добро е што и во редовите на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници и функционери на партијата кои испраќаат позитивни сигнали и очекувам дека ќе се охрабрат и дека јавно ќе дадат поддршка на овој процес, порача Богоев од Кочани.

Во општина Виница беа Даријан Сотировски и членот на Извршниот одбор на СДСМ Костадин Костадинов кои пред присутните порачаа дека СДСМ и во време на светска економска криза покажа вистинска грижа за сите граѓани, дека денес платите и пензиите растат, цените на основните продукти е намалена и замрзната, а зголемена и навремена е и поддршката кон домашните земјоделци.