НУКЛЕАРНА БОМБА НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ – КОЈ ТРЕБАЛО ДА ЗАВРШИ КАКО ЗОРАН ЏИНЏИЧ: САШО МИЈАЛКОВ КАКО ШЕФ НА ДБК НАБАВУВАЛ СНАЈПЕРИ И КУРШУМИ ЗА СНАЈПЕРИ?!?!

0
1729

“КАЛИБРИРАНИ” КАЛИБРИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КАБИНЕТОТ НА САШО МИЈАЛКОВ (ДИРЕКТОРОТ НА УБК) !

Да направам една дигресија кон темата:

Кога се случи атентатот во кој загина српскиот премиер Зоран Џинџиќ, едно од клучните прашања за полицијата беше од каква пушка бил испукан куршумот калибар 7,62 х 51 мм !?

Подоцна било утврдено дека кон него било пукано од автоматска пушка марка „Хеклер & Кох“, модел „Г3“, позната и како автоматски снајпер

Атентаторите го избрусиле фабричкиот број на пушката која била пронајдена на 25.03.2003 година и било утврдено дека пушката и’ припаѓала на Единицата за специјални операции на српското МВР

Ајде малу за количината и калибарот на муницијата „за потребите на Кабинетот на Директорот на УБК Сашо Мијалков“: 2013/2014 година требувани 2800 куршуми калибар 7,65 мм

Оваа муниција е за Автоматскиот пиштол 7,65 мм М-61 погоден уништување на жива сила на мало растојание и за извршување на диверзанстски дејствија во населени места.

Капацитетот наЕДНА РАМКА е 10-20 куршуми.

Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 280 РАМКИ

2013/2014 година требувани 2000 куршуми СНАЈПЕРСКО ЗРНО калибар

7,62х54R

Оваа муниција е за Снајперска пушка „Драгунова“ која уништува жива сила на долго растојание во специјални услови и задачи. Овој калибар на муниција ја користат Калашњиков, други снајперски пушки и ограничен вид на митралези и пушкомитралези. Не секој е обучен за ракување со снајперска пушка

Основниот БОРБЕН КОМПЛЕТ е 150 куршуми.

Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 14 БОРБЕНИ КОМПЛЕТИ СНАЈПЕРСКО ЗРНО

2013/2014 година требувани 2000 куршуми СНАЈПЕРСКО ЗРНО калибар 7,9 мм

Оваа муниција е за Снајперска пушка М-76 која уништува подвижни, непорвижни и маскирани живи цели на поголема далечина. Не секој е обучен за ракување со снајперска пушка Капацитетот на ЕДНА РАМКА е 10 куршуми.

Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 200 РАМКИ СНАЈПЕРСКО ЗРНО

2013/2014 година требувани се 3200 куршуми за пиштол калибар 9 мм

Оваа муниција е за пиштол кој уништува жива сила на пократко растојание.

Капацитетот на ЕДНА РАМКА (ШАРЖЕР) е 9 куршуми.

Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 356 РАМКИ (ШАРЖЕРИ)

2013 требувани се 200 куршуми за револвер Магнум 357

Капацитетот на еден магацин е 6 куршуми.

Од ТРЕБУВАНАТА количина станува збор за 34 ПОЛНЕЊА

Цената што е платена за набавка на оваа муниција и начинот на кој е набавена не е тема на оваа објава.

ЗА МОЛКОТ И НОРМАТИВАТА:

Зачудува тишината со која медиумите и институциите „реагираат“ на јавна

објава за ТРЕБУВАЊЕТО на муниција од различен калибар и голема количина

„за потребите на Кабинетот на Директорот на УБК Сашо Мијалков“ години наназад.

Чудењето е големо (но, и очекувано) ако се земе во предвид фактот дека, постојат јавно достапни законски и подзаконски акти кои се алфа и омега не само за начинот на набавка и поседување на оружје и муниција, туку и за видот на опремата и оружјето со кое располага полицијата, армијата итн.

За жал, нема интерес да се прочитаат и да се процени „НОРМАЛНОСТА И ЗАКОНИТОСТА“ на овие требувања.

Да нема никакви дилеми, целокупната

одговорност и контрола над набавките на оружје и муниција за потребите на МВР, правните и физичките лица ја има МВР. Особено за начинот на задолжување, требување, употреба и контрола над употребата на муницијата и оружјето

Од тие причини законодавецот одредил ПРАВИЛО за тоа кое оружје (муниција) одговара за видот на ПОЛИЦИСКИТЕ РАБОТИ што ги вршат, односно која организациска единица и кои поединци можат да поседуваат каков вид на оружје (муниција) и кој го врши требувањето на оружјето (муницијата) за нивна потреба, или како се врши контролата и надзорот на употребата на оружјето (муницијата) и по кој план и извештај за отчетност.

Ако се сетам колкави дискусии се водеа за контрола на вооружувањето и набавките на оружје и муниција, не можам а да не се сетам дека токму заради тие строги Европски директиви пристапивме кон зајакнување на условите за набавка и поседување на оружје и муниција и колку е важен КОНТРОЛНИОТ ИНСТИТУЦИОНАЛЕН МЕХАНИЗАМ за проверка на спроведувањето на одредбите од Директивите кои станаа дел од Законот за оружје

Да се вратам на објавата за количината и видот на обезбедената муниција од различен калибар за што пишував во претходната објава:

Кабинетот на Директорот на УБК НИКОГАШ НЕ БИЛ организациска единица

која може и треба да требува муниција за оружје од Одделението за магацинско работење (лесно воочливо во описот на задачите кои ги вршат лицата во Кабинетот на Директорот на УБК)

Кабинетот на Директорот на УБК НИКОГАШ НЕ ВРШЕЛ полициски работи кои

бараат вооружување и опрема, односно НЕ МОЖЕЛ ДА ТРЕБУВА муниција за оружје кое НЕ МОЖЕ законски да го употребува и поседува како организациска единица

Од профилот на муницијата која во големи количини била набавена „за

потребите на Кабинетот на Директорот на УБК“, може да се заклучи дека, Кабинетот на Сашо Мијалков поседувал: пиштоли, автоматски пиштоли, автоматски пушки, митралези, пушкомитралези, снајперски пушки и што ли уште не

Со просто пребарување ги добив корисните информации (од веб страната

на АРМ) за карактеристиките и видовите на оружје кои употребуваат муниција од овие требовани калибри и можам слободно да кажам дека станува збор за ТЕШКО ВООРУЖУВАЊЕ и борбено оружје кои според Законот за оружје НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ да го користат лица за заштита и обезбедување

Законот за оружје дава ОГРАНИЧУВАЊЕ на дозволата за набавка на муниција за правните и физичките лица. За правните лица ДОЗВОЛУВА НА ГОДИШНО НИВО да можат да набават од 50-200 патрони (куршуми) за регистрираното оружје кое го поседуваат. СПОРЕДЕТЕ ЈА КОЛИЧИНАТА ТРЕБУВАНА ЗА ДВЕ ГОДИНИ МВР ги издава и одобрува дозволите за набавка во стоги процедури.

Подзаконските акти на Законот за оружје кои вашат за МВР и полициските работи, СТРОГО УРЕДУВААТ кои организациони единици во МВР поседуваат каков вид на оружје, за кои потреби, колку и како можат да требуваат, како се врши контролата на требувањето на муниција, како се врши контролата на употребената и неупотребената муниција и кој полициски службеник или овластено службено лице може за службени потреби да употребува (каков) вид на оружје и како може да задолжува и раздолжува муниција.

Контролата, требувањето и надзорот МОРА да биде од страна на организациската единица во која примарно (со решение) работи полицискиот службеник

До следната објава за ПОСТРАШНИТЕ РАБОТИ од објавата за оваа СТРАШНА муниција запрашајте се: ЗА ШТО БИЛА употребена оваа муниција, Дали била

употребена, Кој ја должел, Какво оружје должеле лицата од Кабинетот на

Директорот на УБК Сашо Мијалков, Дали воопшто се раздолжиле, По кој план

и програм ги употребувале, Кој им ги задолжил, Кој ги контролирал, и

Дали ваква слична количина е требувана од некоја полиска станица од општа надлежност во Скопје – колку за споредба

Го немаме Фалконе ниту за ова, ниту за ПОСТРАШНИТЕ РАБОТИ

#ДоСледнотоЌеСеРасправамСоНивата

#ДоТогашПоспијтеУштеМалку