Од утре СДСМ продолжува со „бомбите“

0
1094

sdsm12

По привремениот мораториум поради митингот, според најавите од партијата, СДСМ од утре ќе продолжи со објавувањето на снимките од прислушуваните разговори од проектот „Вистината за Македонија“.

До сега се објавени 33 бомби од вкупно 102, а според планот во првата фаза беа предвидени 35. Пред големиот граѓански протест беа објавени 33.

Како што неколку пати ветуваше лидерот на СДСМ Зоран Заев, се што располага, а се однесува на криминал, местени тендери, лажирани избори, убиства, ќе биде објавено, и никој нема да биде амнестиран.

Необјавените разговори се однесуваат на случувањата поврзани со затворањето на телевизијата А1 телевизија, убиството кај Смилковското езеро, полициските акции Детонатор и Шпиoн, но и Скопје 2014.