ВМРОВЦИ ДА НЕ СУМ ВИ ВО КОЖА!

0
8446

Драги мои (не)пријатели од ВМРО и вмроиди,па што се случува со вас? Немој да ме разочарувате на крајот. Лошо, многу лошо.

Па како мајстори на пропагандата треба да знаете дека колку повеќе напаѓате некого, згора на тоа сам и незаштитен, толку повеќе станува омилен, сакан, толку повеќе собира симпатии, па и заштитници околу себе. И пак ќе повторам, нека не ве залажува чипката!

Неверојатно е колку сте во паника, трагикомично, хистерично од ваша страна. Ајде некако и да ве разберам, специјалната обвинителка внимателно ве слуша(ла), ама Солза и Роза? Што им е побогу?! Ќе издржи Катица, колку и да и наоѓате маани, за сукњата, чипката, тежината, што е одвратно малограѓански и дискриминирачки, па впрочем погледнете си во дворот, но, верувајте -ќе ве растури во судница!

А што ли се има слушнато за вас, (не) драги политичарчиња, бизнисменчиња, пратеничиња, таа и уште десетина други обвинители, соработници и истражители си знаат.

Да не сум ви кожа!

Фејсбук статус на Емилија Лазаревска