Аџибадем Систина на Орце Камчев добила 142.000 евра државна помош за исплата на плати од 14.500 денари, открива „Телма“.
Меѓу компаниите кои земале по над 100.000 евра се многу обложувалници и казина.
Така Спорт лајф е во првите пет компании кои добиле најмногу пари, дури 183.000 евра. Делта Бет пак добила над 132.000 евра, Сенатор 131.000 евра, а на сметката на Принцес хотел и казино од Гевгелија легнале речиси 120.000 евра.
Државни пари – околу 106.000 евра легнале на сметката на Брако од Велес, каде што се врати поранешниот вицепремир Кочо Анѓушев откако одлучи да се посвети на бизнисот наместо на политиката.