МЕДИЦИНСКА СЕСТРА НАПАДНАЛА И ПОВРЕДИЛА ТРИ КОЛЕШКИ НОЌЕСКА НА ДЕЖУРСТВО НА РАДИОЛОГИЈА ВО КОЧАНСКАТА БОЛНИЦА

0
1142

Полицијатра ќе поднесе кривична пријава против сестрата- насилничка.

Медицинска сестра од Одделот за радиологија во Кочанската болница, ноќеска на дежурство нападнала три колешки од смената. Нападнатите имаат искубена коса, гребаници по лицето и рацете, но тие пружиле и отпор кон колешката Ј.Т. Нападнатите сестри исто така работеле во Одделот за радиологија и велат дека од денеска се на боледување.

На одделот е празно.Случајот за САКАМДАКАЖАМ.МК го потврди денеска МВР.„На 13.12. 2022 во СВР Штип вработена во Општа болница Кочани пријавила дека на едно од Одделенијата на болницата, вработената Ј. Т. (44) од Кочани физички ги нападнала нејзините колешки Б. А. (47), Т. С. (53) и М. К. (58) сите од Кочани. Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, вели СВР Штип.

Три од медицинските сестри на Радиологија, тврдат дека биле нападнати од нивната колешка која подолго време ги малтретирала. Наводните малтретирања тие ги пријавувале кај директорот на болницата, но тој не преземал ништо, освен културен разговор со насилната колешка.Никој од Кочанската болница со часови не беше достапен за информации.
Недостапен беше и директорот на болницата Александар Серафимов, кому редакцијата прв му постави прашања за ноќешниот настан.Во изминатите неколку години во болницата се забележани неколку вакви случаи на тепачки и расправии меѓу медицинскиот кадар и на напади од пациенти врз персоналот.Полицијата работи на расчистување на случајот.