ЗА ПРИЛЕП ОБЕЗБЕДЕНИ 900 ВАКЦИНИ КАКО ПРВА ТУРА ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

0
978

Речиси половината од 90 прилепчани од изутрината до попладне ја примија својата прва вакцина на вакцина за Прилеп во првата тура се обезбедени 900 вакцини. Вакцинацијата се одвива непречено во Здравствениот дом, термините се исполнети за граѓаните кои се вакцинираат над 77 годишна возраст.

Кети Смилеска, директорка на градската болница со општа надлежност во Прилеп потврдува дека интересот е голем и сите што се пријавиле над 77 години, се вакцинираат.

“Вакцинацијата тече непречено, нема никакви проблеми. Според информациите што ги имам сите се добро. Денеска се вакцинираат 90 граѓани, работи еден вакцинален пункт, но вакцинацијата е како за на два пункта. Кај граѓаните видлива е надежта дека ќе се вакцинираат и ќе се заштитат. Сите добро се чувствуваат, обезбедено им е да престојуваат во просториите 15-тина минути. Вакцинацијата ќе се одвива континуирано додека има дози” – изјави Смилеска.

Нора Тасеска, матичен лекар и претседател на прилепското здружение на матичните лекари вели дека интересот е голем. Само 10% од пријавените возрасни пациенти се откажале од вакцинација но поради коморбидитети, примаат терапија и не смеат сега да се вакцинираат.