РАСИПНИШТВО И КРИМИНАЛ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: ПОРАНЕШНА РАКОВОДИТЕЛКА ПОТРОШИЛА НАД 10 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПРИВАТНИ ТРОШОЦИ И КАПРИЦИ ОД СЛУЖБЕНАТА КАРТИЧКА

0
1206

До ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против лицето С.А.(36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Таа го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 01.01.2014 до 30.04.2017, злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ. Со намера ја злоупотребила својата службена положба и ги пречекорила службените овластувања со тоа што вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби.
Вкупната штета кон буџетот на институцијата е 635 065 денари.