ГРАНИЧНИТЕ ПРОЦЕДУРИ ЌЕ СЕ ОЛЕСНАТ И ЌЕ СЕ ЗАБРЗААТ: АЛБАНИЈА ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА ЗАЕДНИЧКИ КОНТРОЛИ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
723

Албанскиот парламент на денешната пленарна седница го ратификуваше договорот за заеднички контроли на граничните премини меѓу Северна Македонија и Албанија.

“Албанија и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични контроли по истиот модел што го имаме со Косово и Црна Гора” – рече министерот за внатрешни работи Бледи Чучи.
На сите шест гранични премини ќе има само еден контролен шалтер.
“Главните цели се да се олесни движењето на луѓе и стока, да се зголеми соработката во исполнувањето на заедничките безбедносни интереси и брзата размена на информации, да се зајакне професионалниот капацитет на службениците на граничната полиција и да се контролира квалитетот на спроведувањето на законот за граничната контрола” – рече министерот Чучи.

Со овој договор ќе се зајакнат врските меѓу двете земји и ќе биде корисно за заедничките напори за интеграција во ЕУ и иницијативата Отворен Балкан