ПЕНДАРОВСКИ ПРИСТИГНА ВО ПУСТЕЦ, БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ОД АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БАЈРАМ БЕГАЈ

0
423

Претседателот на државата Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓоргиевска пристигнаа во Пустец, каде беа пречекани од неговиот албански колега Бајрам Бегај.

Потоа следуваше културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што оствари средба со локалните власти и ја посети црквата Св.„Архангел Михаил“.

Во агендата е и посета на училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.

Пендаровски ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, а подоцна ќе замине во Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.