(ФОТО)Битолчанки до полцијаците: Ако немате јајца, повелете!

0
1843

Жените на вечерашниот протест во Битола им делеа јајца на полицајците што ја чуваат општинската зграда од бојосување, пренесува „Сакам да кажам“.

„Ако немате јајца повелете“, им рекоа демонстрантите на полицајците кои во кордон ја обезбедуваа зградата на општинската администрација, каде што е и седиштето на помилуваниот градоначалник Владимир Талевски.

Жените кои протестираа на полицајците им подарија велигденски јајца. Повеќето ги зедоа јајцата, малкумина го одбија ваквиот гест.

Битолчани и вечерва ги продолжија протестите за оставка на битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Овој пат, иако Први мај беше пред две дена, тие на протестот побараа поголеми работнички права и социјална правда. Говорниците на протестот симболично ги врзаа Општината, Судот и Полицијата и рекоа дека тоа е Бермудскиот триаголник на Битола во кој што е изгубена правдата.