ДИГИТАЛНА ПОТВРДА НА ВАКЦИНАЛЕН СТАТУС: АПЛИКАЦИЈАТА COMMONPASS Е ВЕЌЕ ЦЕЛОСНО ФУНКЦИОНАЛНА ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1382

Апликацијата CommonPass која има за цел да овозможи приказ на Ковид-19 статусот на секој корисник сега е целосно функционална и достапна за граѓаните на Северна Македонија. Со тоа се овозможува корисниците електронски да ги документираат своите здравствени податоци поврзани со Ковид-19:  примена вакцина и/или резултат на Kовид-19 тест од сертифицирани и акредитирани институции.

CommonPass апликацијата функционира со користење на податоци од дигиталната здравствена картичка SMART Health Card.

Северна Македонија е единствена земја од Европа која ја користи апликацијата CommonPass“. Апликацијата ги третира личните податоци на граѓаните со највисоко ниво на доверливост.