(ВИДЕО) ТАЗИ ДУПКА НЕ Е ДУПКА: Мицковски вели дека не му рекол на Бојко Борисов дека ќе го поддржи договорот со Бугарија, значи сечена и лепена е снимката како и бомбите на Заев!

0
1362

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Загреб во изјава за Алфа телевизија рече дека се лажни вестите дека наводно го прифатил договорот со Бугарија, потенцирајќи дека неговиот став во однос на договорот е непроменет. Тој посочува дека никогаш нема да прифати се друго освен вистината дека Гоце Делчев и македонскиот јазик се македонски.

Тој на прашањето на Алфа дали го прифатил договорот со Бугарија, одговара, нашиот став е познат, тој е непроменет, многу пати повторен во минатото и како политичка партија, како ВМРО-ДПМНЕ, она што беше моја изјава којашто ја рефлектирав вчера беше дека ВМРО-ДПМНЕ и јас лично подржувам се што е добро и за Македонија и за Бугарија. Разговаравме за изградба на автопатишта, железничка пруга, железничко поврзување помеѓу двете земји. Разговаравме за енергетско поврзување, продлабочување на научната соработка помеѓу универзитетите од двете држави, разговараме за побрзо интензивирање и отварање на граничниот прекин „Клепало“.

И сето она коешто значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, посочува Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека извртувањето на вистината и ширењето на лажни вести е плод на нервозата на власта во заминување.

-Забележлива е нервозата кај владата во заминување, кај премиерот во заминување господинот Заев па потрчаа оние скапо платени пи-ар пера да ја искриват вистината и практично лажни вести да рефлектираат во македонската јавност: Она кое што е важно е дека и оваа лажна вест им се распрсна како меур од сапуница. Тие нека продолжат да измислуваат лажни вести, а ние ќе продолжиме да работиме, изјави Мицкоски.

Видеото од средбата со Борисов е достапно тука.