ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ПОЖАРИТЕ СЕ ЛОКАЛИЗИРАНИ И ПОД КОНТРОЛА, ЗАЕВ: ЈА СЛЕДИМЕ СИТУАЦИЈАТА БУДНО НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА, ГИ КООРДИНИРАМЕ СИТЕ ДРЖАВНИ КАПАЦИТЕТИ И МЕЃУНАРОДНАТА ПОМОШ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОГОЛЕМИ ШТЕТИ

0
1095

“Во име на пожртвуваноста, професионалноста и солидарноста на сите кои се вложуваат во гаснење на пожарите, повикувам на крајно внимателно и одговорно однесување. Да спречиме нови пожари, да го заштитиме сечив живот. Забраната за влез во шумите мора да се почитува, за нејзино прекршување следуваат казни.

Низ целата територија на нашата држава има пожари и дел од нив се навистина загрозувачки, како што е овој меѓу Берово и Пехчево. Голем дел од пожарите се локализирани и се под контрола, но опасност сѐ уште постои и затоа секој поединец мора да биде внимателен.
Упатувам голема благодарност до локалното население, за несебичното вложување и пожртвуваност, како и до противпожарните единици, до Армијата, до Полицијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и останатите служби кои управуваат со системите за совладување на природните катастрофи.
Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заеднички со сечија подадена рака ќе ја победиме огнената закана.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ