НЕСОВЕСНОСТ НА МАКСИМУМ, ТОПЕЛЕ КАБЛИ ВО ПЛАНИНА: СВР СКОПЈЕ ПРИВЕДЕ ТРИ ЛИЦА ПОРАДИ ОСНОВАНО СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРЕДИЗВИКАЛЕ ПОЖАР НАД СЕЛО СТРАХОЈАДИЦА

0
491

Полицијата од СВР Скопје денес приведе три лица поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот утрово во 05:28 часот, над село Страхојадица при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.

Според МВР, полициските службеници на местото на пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли.