БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ НАГЛО ПОРАСНА, МАЛКУМИНА СЕ ВАКЦИНИРАНИ И НЕ СЕ ПОЧИТУВА НИЕДНА МЕРКА ПРОТИВ КОРОНАТА ВО ТЕТОВО, ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ РЕСТРИКЦИИ И ЗАБРАНИ ЗА ПРОСЛАВИ ВО ТЕТОВСКИОТ РЕГИОН

0
1014

“На утринската координација со членовите на Комисијата за заразни болести одлучивме да предложиме нови мерки до ГККШ на Владата. Истите се однесуваат на епидемиолошката состојба во Тетово:

Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна.

Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица.
Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено.
Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.”
-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ