МИНИСТЕРОТ ОСМАНИ УТРЕ ЌЕ ОДИ ВО ПОСЕТА НА СЛОВАЧКА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА НОВА МАКЕДОНСКА АМБАСАДА ВО БРАТИСЛАВА

0
876

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе биде во посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на Република Северна Македонија во главниот град Братислава.

Амбасадата официјално ќе биде отворена во 14:00 часот во присуство на министерот Бујар Османи и словачкиот министер за надворешни и европски работи Иван Корчок.

За време на свечениот настан, двајцата министри ќе имаат можност, покрај билатералните односи да разменат мислења и за европското досие на земјава со фокус на поддршката за реализација на одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.