(ВИДЕО) ОВИЕ ДЕНОВИ ИМАМЕ САТУРАЦИЈА ОД ОДЛИЧНИ ВЕСТИ – ЛОКВЕНЕЦ – ПАПУКЧИСКИ : ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ СРЕДСТВА ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА СОФИЈА – СКОПЈЕ, ГРАДБАТА ЌЕ СЕ ИНТЕНЗИВИРА

0
1076

„Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Добрите намери со кои беа поплочени повеќе најави досега, сега се преточени во конкретни, реални и најважно од сѐ – остварливи цели. Реалност, затоа што парите се обезбедени, вкупно 165 милиони евра. Реалност, затоа што имаме комплетно готов проект и затоа што привршува тендерската постапка за избор на изведувач. Реалност, затоа што следува градба на пругата оваа 2021 година. И конечно реалност, затоа што овој проект го придвижуваме заедно со нашите партнери од Бугарија.

Тендерот е распишан, со изборот на изведувач започнува тридецениската желба да се реализира. Очекувам за 3-4 месеци овде, веќе да се гради. За важноста на овој проект за нашата земја, за граѓаните, за стопанството, за бизнисот е зборувано многупати. Тој е дел од Коридорот 8 и железничкото поврзување на нашите две земји е взаемен влог во европската агенда за поврзување на целиот регион. Затоа денеска со мене е мојот колега од Бугарија.

Ги засукавме ракавите и заедно, реалноста за која што денеска зборуваме да ја оствариме“, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија.