СУДОТ СО ОДВРЗАНИ РАЦЕ ЌЕ ДОНЕСЕ ПРЕСУДА НА 13-ТИ АПРИЛ ЗА СЛУЧАЈОТ “ТРЕЗОР” ПРОТИВ МИЈАЛКОВ

0
1057

Основниот кривичен суд во Скопје ќе ја објави пресудата на 13 април за предметот “Трезор” кој се однесува на злоупотреба на средства од буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во “Трезор” првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.