АКЦИЈА НА ЈП ВОДОВ СКОПЈЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДИВИ, НЕЛЕГАЛНИ ПРИКЛУЧОЦИ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ВОДА ВО СЕЛО СОПИШТЕ

0
482

ЈП Водовод и канализација – Скопје во директна соработка со Општина Сопиште во периодот од 21.07.2023 до 23.07.2023 година, спроведе акција за откривање на диви, нелегални приклучоци и злоупотреба на вода на територија на општината.Оваа акција се спроведе со цел откривање и спречување на евентуална злоупотреба на системот за водоснабдување, со цел пак подобрување на условите за водоснабдување.

Акцијата се спроведе од страна на контролори на ЈП Водовод и канализација – Скопје, придружувани од комунални редари од Општината. Во текот на акцијата беа опфатени населените места Сопиште, Добри Дол и Ракотинци, каде не беа детектирани диви (нелегални) приклучоци.

Во текот на акцијата беше апелирано до населението и укажано да се придржуваат до советите за рационално користење и употреба на водата. Да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за полнење на базени, полевање градинарски култури и слично.

ЈП Водовод и канализација – Скопје, продолжува континуирано да работи во насока на одржување на водоснабдителниот и канализацискиот систем, негова заштита од злоупотреба како и заштита на водата за пиење од злоупотреба и нерационално користење.