Членството на ВМРО-НП ЕКСПЛОДИРА по денешното соопштение на Љубчо Георгиевски: Претседателе одлучете се за курсот, тајна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или жестока опозиција?

0
1138

По денешното соопштение од ВМРО НП до редакцијата на порталот Револуционерпристигнало писмо од членови на партијата, во писмото членовите го прашуваат претседателот Љубчо Георгиевски дали има направено некој дил со владеачката ВМРО ДПМНЕ или па делува како опозиција (но тоа никој не го забележува).

“Почитуван претседателе, и сами знаете дека во повеќе наврати имаме сугерирано дали до Вас лично или преку соопштенија до медиумите околу начинот на кој во последниот период ја водите партијата. Првично се посомневавме со изградбата на вашиот хотел во барок стил, но ајде бизнис како бизнис рековме можеби тоа навистина е услов за да се изгради хотелот. Неколку денови пред големиот протест на “Граѓаните за Македонија” јавно ве повикавме да упатите апел до членството со цел да се даде поддршка на луѓето кои протестираат против власта на Никола Груевски,  но за жал вие тоа не го сторивте, останавте нем. Која е претседателе потребата да го браните владеењето на оваа расипничка власт. Па за кое успешно работење на Министерството за финансии и на владата говорите. На секојдневното задолжување за плати и пензии ли, на кое успешно работење мислите, на 600 илјади иселени македонци во последните 10 години?”

vmro-np-reakci

Претседателе Георгиевски немојте да бидете и риба и девојка, сепак Вие сте искусен политичар одлучете се за курсот, тајна коалиција со ВМРО ДПМНЕ, или жестока опозиција, и ние како членови да знаеме да бидеме на чисто дали сме на власт или во опозиција.

Членови на ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА кои што верно го пратат Георгиевски во изминатите 24 години на политичка сцена.