ПОДОБРЕН Е ПРИСТАПОТ ДО КЛИНИКИТЕ, ФИЛИПЧЕ: РЕКОНСТРУИРАН Е И ПАРКИНГОТ ДО КЛИНИКАТА ЗА СТОМАТОЛОГИЈА

0
1134

Комплетно е реконструиран и од утрово пуштен во употреба паркинг просторот и пристапот до Клиниката за стоматологија, а направена е комплетна реорганизација на паркот околу Клиниката со нови клупи и зеленило.

Заедно со Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов направивме комплетна реконструкција и обнова на пристапот, паркинзите и просторот за движење на амбулантни возила и движечки и недвижечки пациенти во Клиничкиот кампус Мајка Тереза.

Тројно е зголемен капацитетот за паркирање со новиот паркинг кој лани се постави до Клиниката за Гинекологија и акушерство. Комплетно нов простор е обезбеден и кај Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби кадешто има обезбеден и паркинг до модуларната болница.

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ