АВСТРИЈА ОД ЧЕТВРТОК ЌЕ ГИ СТАВИ НА ЗЕЛЕНА ЛИСТА СИТЕ ЗЕМЈИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН: НЕ СЕ ПРИЗНАВА ВАКЦИНИРАЊЕТО СО СПУТНИК

0
1137

Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат ставени на зелената листа на Австрија.

Со уредбата која стапува во сила в четврток, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија. Досега Србија, Северна Македонија и Албанија беа на зелената листа, а сега ќе важи истото и за Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Патниците можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат сертификат за вакцинација со вакцини признати од Европската агенција за лекови (Фајзер, Астра Зенека, Модерна, Џонсон и Џонсон) и Светската здравствена организација (кинеските Синофарм, Синовак). Само руската вакцина Спутник В не е прифатена во Австрија.