ВАТРЕНОТО ДУО СЕ РАСПАДНА: СЕ СКАРАА ЈАНКО БАЧЕВ И СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ, МИЦОВ ИЗНЕСЕ ПИКАНТЕРИИ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА БОЈКОТИРАМ!

0
2611

Отворено писмо на Стефан Влахов Мицов до членовите на “Единствена Македонија” денеска објавено на Дудинка.
——————–

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ПАРТИЈАТА „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА„

Почитувани македонски патриоти,

За почеток ќе кажам две нешта: прво, во мојот досегашен живот не сум дозволил некој да ме искористи за туѓи цели, надвор од моите идеи и интереси; второ, кога станува збор за клучни прашања, подобро е да си активен учесник во нив отколку пасивен посматрач.

ПРОЕКТОТ „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА“
пред и зад сцената

Некаде во јуни минатата година кај мене, во Институтот за национална историја, дојде и се претстави Јанко Бачев. Рече дека имал партија и сакал да ја ребрендира во насока против НАТО и ЕУ и за пријателство со Русија. Кој ги читал моите колумни во македонскиот печат од 2003 г. наваму, знае дека мојот став е ист. Потоа се видовме неколку пати со Маријан Камилоски, со поетот Ефтим Клетников и др. Му сугерирав на Бачев да ја ребрендира партијата пред локалните избори, за да го провери ефектот од промената. Не сакаше, се плашеше. Работата заврши тука.
Некаде во ноември пак се јави дека донел одлука да се ребрендира. Се заинтересирав за него и за НДМ (Народно движење за Македонија). Дознав, бил припадник на тајните служби, ги напуштил во 2002 година и веднаш создал партија, која останала сосема маргинална цели 16 години. Чесен или некадарен „удбаш“?

Знам дека сите партии во Македонија – големи и мали – се под контрола на западните служби и на нивните македонски марионети. Некои од нив: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и други, дури и се создадени од странските служби. Од друга страна, дознав дека последниве години се правени неуспешни обиди за формирање организации против НАТО и ЕУ. Ненормално е во една словенска држава како Македонија, сите постојни партии да бидат ориентирани кон Западот, иако голем дел од населението е за пријателство со Русија. Затоа прифатив да бидам заменик-претседател на ребрендираната партија под цврст услов: да имам паритетно учество во нејзината стратегија и тактика. За да нема промашувања, напишав партиската програма (делот за Евроазиската унија го подготви друг колега), која беше поделена во илјадници примероци низ Македонија.
Сепак, малку ме изненади предлогот на Бачев амблемот на Партијата да биде толку близок со тој на „Единствена Русија“. Од една страна изгледаше додворувачки, од друга (поважната за мене), можевме да бидеме искористени од западната пропаганда дека шириме руско влијание.
Во суштина, „Единствена Македонија“ мораше да биде радикална македонска партија, која сака стратешко партнерство со Русија и членство во Евроазиската унија за да ги реализира македонските национални интереси.
Затоа и во амблемот беа додадени 16-кракото сонце, лавот и црвената боја.

По ребрендирањето на 21 јануари, само за 4 месеци, Партијата создаде 62 општински комитети. Успеавме да ги донесеме во Македонија познатите Дугин и Савин (со поткрепа на наши пријатели). Во април остваривме средби во Москва и бевме пред потпишување на договор со партијата „Единствена Русија“. Но, колку повеќе што јакнеше Партијата, толку беше поголем отпорот против неа (нема друг случај за една партија во толку краток рок да се напишат стотици негативни текстови, додека фаци како Геровски, Тричковски, Спасов, како и „Гласот на Америка“, „Слободна Европа“, „Дојче веле“ и др. буквално „спиеја“ со Партијата.
Теренската дејност на Партијата практично заврши во почетокот на јуни, по новата посета на г-дин Савин, кој имаше неколку предавања во Скопје.

ЗАД СЦЕНАТА

Во суштина, идејата за создавање „проруска“ партија во Македонија е на хунтата на Заев. Целта е да се прикаже руското влијание и со тоа да се мотивира западниот притисок за НАТО, како и геноцидот врз македонскиот народ и уривањето на македонската држава. Предвреме Мицковски изјави дека Бачев е човек на Заев. Американските марионети Заев и Спасовски побарале свои марионети за нарачката од Американската амбасада.
Како веќе споменав, некои работи ми беа чудни уште од почетокот. Како човек од типот на Бачев кој се шетал на Запад, а во Русија отиде првпат во април годинава, одеднаш стана толку проруски ориентиран? Зашто, надвор од договореното, почна да објавува провокативни соопштенија од кои излегуваше дека Партијата е продолжена рака на Русија? Работите се разоткриваа чекор по чекор:

Прво, „Единствена Македонија“ стана султан-партија. И досега дури и членовите на Извршниот комитет не знаат како се финансира Партијата, какви пари се на располагање, дали седиштето на Партијата е во приватна сопственост или под наем. И ако е под наем, колку изнесува тој наем и кому му се плаќа. За тоа што ќе се прави и купува, лично решава Бачев.

Второ, во изминатите месеци се дозна дека не само во раководствата на општинските комитети, туку и во Извршниот комитет има кодоши на службите. Против нив не се презедоа мерки, независно што во мај стигна информација дека список со членовите на Партијата, дури и со пресликани пристапници за членство, се однесени во Американската амбасада.

Трето, за време на средбите во Москва Бачев се однесуваше чудно. Програмата беше средена однапред, но одеднаш побара потпишување на договор со „Единствена Русија“ и се лутеше дека тоа е неостварливо. По враќањето во Скопје, пак, стана индиферентен по тоа прашање и дури ги пратил потребните податоци (за склучување на договорот) на погрешен мејл. „Грешката“ се разоткри по повеќе од еден месец, и тоа при доаѓањето на Савин. Дотогаш им се лутеше на Русите дека доцнат со Договорот. Во почетокот на јуни, пак, се разбрза и сакаше потпишување за 10 дена. Тие контроверзии во стилот на „Заев“ се лесно сфатливи во контекстот на преговорите за договор со Грција. Целта е договорот да се потпише временски околу тој со Грција и да се прикаже „руско влијание“. Само што Русите не пасат трева и го одбија Договорот.

Четврто, кога не успеа со Договорот, хунтата на Заев замисли нова провокација. Во деновите пред капитулантскиот договор со Грција, имаше протести од страна на патриотски здруженија и граѓани. Меѓу нив беа уфрлени провокатори од службите. Затоа мојот став беше да не подлегнуваме на провокациите и ја одржував партијата до 17 јуни. Во мое отсуство, Бачев донел спротивна одлука и тој ден се истопори со македонско и руско знаме на полицискиот хермелин. Класична провокација, независно што многу неупатени македонски патриоти ја поздравија. Само што и протестантите не пасат трева и неколку денови подоцна на Бачев не му се даде можност да зборува на друг митинг. На истиот начин на 30 септември вечерта беше спречен говорот на Драган Угриновски од „Единствена Македонија“.

Петто, во месеците јуни, јули и август Партијата се трансформира во фејсбук-партија. Секојдневно по неколку соопштенија за да сме наликувале на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, кои го правеле истото. Намерно контроверзни акции, како таа да се бараат од Владата пари за бојкот на референдумот, иако пред тоа жестоко се критикуваше дека трошат народни пари за пропаганда. Глупави активности како желбата на Бачев да се обложува со Заев дека референдумот нема да успее итн. Меѓутоа, уште од почетокот власта започна да го хероизира Бачев за да му подигне рејтингот. Прва акција беше откажувањето да биде регистрирана Партијата со образложение дека во нејзиното име се содржи „Македонија“, иако тоа име се содржи во уште 21 регистрирани партии, вклучително и во претходната партија на Бачев. Глупав мотив, кој брзо беше коригиран, но го создаде потребниот шум со содејство и на странски медиуми. На неколу пати во медиумите Бачев се жалеше дека тој и Партијата биле прислушувани, дека сакале да го апсат итн. За прислушувањето на активисти од Партијата е точно, но во суштина целта беше хероизирање (со акцијата на 17 јуни) и самохероизирање (преку фејсбук и медиумите) на Бачев.

Шесто, хероизирањето и самохероизирањето на Бачев беше потребно за новата идеја на хунтата. Започнатото спонтано народно движење „Бојкотирам“ да мине под капата на „Единствена Македонија“. За да биде контролирано и однесено во ќор-сокак. Тоа беше најподмолната провокација, затоа што референдумот на 30 септември беше побитен од тој на 8 септември 1991. Тогаш се гласаше за осамостојување на постојна држава во рамките на југословенската федерација, а сега – за опстојување или укинување на македонскиот народ.
Со еден збор – таа диверзија мораше да се спречи. Тоа значи организациите, здруженијата, граѓаните на Македонија да дејствуваат слободно, герилски преку социјалните мрежи. Мојот став беше „Единствена Македонија“ да дејствува самостојно, како и сите останати субјекти. Секако, пред референдумот не можеше да се каже отворено за целите на владата и на Бачев. Битно беше да се ограничи неговиот простор за дејствување. Меѓутоа тој веќе се доживуваше како човек-партија. Отворете ги веб-страницата и фејсбукот на Партијата – од стотиците слики нема групна без Бачев, нема соопштение без Бачев, нема активност која не е поврзана со Бачев.

Седмо, меѓутоа Русите уште месеци пред тоа, го беа разоткриле лажното русофилство на Бачев. Но јас сакав на самото место да ги видам состојбите. За тоа ми помогна еден наш Македонец од Мелбурн. Во истото време Бачев водеше преговори за „голема коалиција против референдумот“, но во крајна линија таа се претвори во сојуз со некулку здруженија (иако помпезно беа најавени 72), па нивните членови за време на кампањата беа многу разочарани.

Мора да кажам дека во „Единствена Македонија“ членуваат многу вистински македонски патриоти, активни млади луѓе кои сакаат да се борат за македонска Македонија, но се знае пословицата дека „Рибата смрди од главата“.
Осмо, карванот „Македонија бојкотира“ на „Единствена Македонија“ беше изневера и на нашите членови, да не зборувам за македонските патриоти. Намерно беа менувани датуми на посета во градови, намерно општинските комитети не знаеја кога ќе се оди, намерно немаше соопштенија по локалните медиуми, намерно не се почитуваа часовите за доаѓање. Еден опремен автобус со написи и 30-40 луѓе во него беа шетани низ цела Македонија како муви без глави. Ставот не е мој, туку на луѓето во автобусот. Беше најавено дека ќе се посети секој град и село. Просто автобусот поминуваше низ селата беа да застанува. Во градовите, пак, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид, Прилеп итн. се застнуваше на некое место каде што се држеа говори во присуство на 5-10 случајни граѓани. Во истото време се правеа десетици слики од разни ракурси за да се прикаже посетеноста. Во Кавадарци се користеше доаѓањето на Цеца и десетиците илјади граѓани за да се слика Бачев меѓу нив. Некаде каде што немаше никаква посета (не може да ти дојдат ако не си ги поканил) дел од луѓето во автобусот ги симнуваа маиците со „Македонија бојкотира“ за да изгледаат како локални граѓани. Бачев се правдаше дека „тоа и Груевски го правеше“.

Кратко кажано, „млатевме празна слама„.А сликите и соопштенијата беа битни,затоа што македонската диаспора во Австралија поткрепи активно финансиски протестот и мораше да се прикаже дејност.Уште повеке кека фондот беше во Мелбурн и не пракаше пари,а плакаше фактури.Значи мораше да се покаже дека сме супер активни.Јас бев во автобусот само на пола од шетането низ Македонија,затоа што лошата организација носеше контраефект. Добри зборови на малите митинзи имаа претставниците на србите во Македонија,Страшко Олумчев од „Македониум„,додека говорите на Бачев беа на сите места исти и како реченици,и како интонација.Како актер кој е наизустил текст и го повторува по 20 пати.Секој може да го види тоа во фејсбук,уште повеке дека речиси само неговите говори се објавени.

Неуспехот на референдумот беше дело на македонскиот народ и само на македонскиот народ.Сепак, мора да се посочат активностите на мрежата „Бојкотирам референдум“,дејноста на мали, ама многу снаодливи здруженија како „Преродба“ (кое успеа да влезе во МАНУ, да ја прекине седницата за НАТО и да наметне своја декларација), на „Македонски манифест“, кој објави како прилог на „Нова Македонија„ Македонска платформа. Во тоа време, според моите скромни сили, јас надвор од колумните правев што можам за да помогнам или да го спречам во караванот на „Единствена Македонија“.
По 30 септември Бачев целосно се разоткри како лажен русофил и истури целиот свој гнев заради потпишаниот договор меѓу организациите „Македонија и Русија“ /МИР/ и Меѓународната организација „Руско-славјанско обединение и возроздение“.Затоа што сфати дека за Русија е персона нон грата и може да оди таму ако сака само како турист.

СО МАКЕДОНСКАТА ПОБЕДА НА РЕФЕРЕНДУМОТ СО КОЈА СЕ ДОКАЖАВМЕ КАКО МАКЕДОНЦИ,МОЈАТА РАБОТА ВО „ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА„ ЗАВРШУВА. НО МОЈАТА БОРБА И БОРБАТА НА ТИЕ КОИ СТАНАА ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЈАТА ОД ПОЧИТ КОН МЕНЕ,ЗА МАКЕДОНСКА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА. ЗАТОА ГИ ПОВИКУВАМ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД СУЛТАН-ПАРТИЈАТА НА БАЧЕВ И НЕГОВИТЕ МЕНТОРИ ЗАЕВ И СПАСОВСКИ.

ВО ДЕНЕШНОТО КЛУЧНО ВРЕМЕ МАКЕДОНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИ, А НЕ ОД ТАКВИ КОИ ПРОПАГИРААТ ПРЕД СТУДЕНТИТЕ НАВОДНИ ВРЕДНОСТИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, А ИНАКУ СЕ ОБЈАВУВААТ ПРОТИВ НЕА. АКО СИ ПРОТИВ НАТО И ЕУ МОРА ДА БИДЕШ ТАКОВ И ВО МИСЛИТЕ, И ВО ГОВОРОТ, И ВО ДЕЈСТВОТО. ИСТО ТАКА И АКО СИ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО СО РУСИЈА. АКО ПИШУВАШ ПРОТИВ „ШИПТАРИТЕ„ ШТО БАРАШ НА НИВНИ ФОРУМИ И НА НИВНИ ТЕЛЕВИЗИИ? АКО СИ ПРОТИВ ОБСЕ,ШТО БАРАШ НА СОСТАНОЦИ СО НИВ? АКО СИ ПРОТИВ ЗАПАДОТ, ШТО БАРАШ НА ЗАПАДНИ МЕДИУМИ, КОИ ГО НЕГИРААТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИДЕНТИТЕТОТ И ИСТОРИЈАТА?
СЕ ЗНАЕ КАДЕ ЗАВРШУВААТ КОДОШИТЕ, НАВОДНИТЕ ПАТРИОТИ И ПРЕДАВНИЦИТЕ.

Со почит: Стефан Влахов-Мицов

5 октомври 2018
Скопје