(ВИДЕО) СДСМ ПО 1000-ТИ ПАТ СТАВИ ДО ЗНАЕЊЕ : Македонскиот јазик и идентитет се факт, нема потреба за тоа да расправа Комисија во Собранието

0
845

Прашање: Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски за во четврток повторно ја закажа Комисијата за надворешна политика, дали ќе присуствувате?

Одговор: Станува збор за Комисија која вторпат се закажува, очигледно дека сакаат да ја држат таа тема во јавност.

Jас и после завршувањето односно непочнувањето на Комисијата за надворешни работи, каде што беше како предлог Дневен ред поставена истата точка, дадов изјава и ќе  ја повторам истата.
Јас и ние како пратеници не гледаме потреба да се отвори расправа во Собранието за нашиот идентитет и нашиот јазик. Факт е дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, која е потребата за тоа да дискутира Собранието?!