ДАНЕЛА АРСОВСКА ДЕНЕС ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦАТА 40, КРАК НА МАКЕДОНСКО КОСОВСКА БРИГАДА, ШТО СЕ РЕАЛИЗИРА СО МЕЃУОПШТИНСКА СОРАБОТКА СО ШУТО ОРИЗАРИ

0
487

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги почнаа градежните  активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува инфраструктурата во општината и се решаваат долгодишните проблеми во овој дел од градот.

Градот Скопје во подготовка е да отпочне со градежни работи и на улицата 50, со што се овозможува подобрување на дел од сообраќајниците што се од витално значење за граѓаните на оваа општина. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, за нашите сограѓани, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.