(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИТЕ ИМ ГИ ИСТЕГНАА УШИТЕ НА БУГАРИЈА – ФИЛИП РИКЕР : ЈАСНО И КАЖАВМЕ НА БУГАРСКАТА ВЛАДА ДЕКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГИ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ

0
1608

Еве го неговиот коментар на констатацијата на „360 степени“ дека со Договорот од Преспа земјава стана членка на НАТО, но дека овој договор беше жртва и за, најмалку, почеток на преговори со ЕУ, што не се случува:

„Договорот од Преспа беше неверојатно постигнување, вистински пример на храбра, прагматична дипломатија, која го отстрани еден од најголемите проблеми на патот кон евроатлантската интеграција и оттогаш постигнавме многу. Северна Македонија е на пат да ги почне преговорите за членство во ЕУ, уверен сум дека тоа ќе се случи. Ние јасно ѝ ги кажавме нашите позиции на бугарската влада, исто како и низа членки на ЕУ, дека овој процес треба да напредува. Тукушто доаѓам од Албанија каде што, исто така, се очекуваат наредните чекори. Но, уверени сме дека тоа ќе се случи. Дипломатијата може да направи голема разлика во помагањето на земјите да изнајдат начин да ги решат проблемите и да има напредок.

Гледате што значи Договорот од Преспа во однос на релациите со Грција и, пошироко, за односите во регионот. За тоа зборува претседателот Бајден кога вели дека треба да се фокусираме на користењето на институциите, дипломатијата за да се напредува. Има големи предизвици во светот и никој од нас, вклучувајќи ги и САД, може сам да ги реши. Тоа треба да го направиме со пријатели, партнери и сојузници“.

Целото интервју со високиот американски дипломат, кој од 2008 до 2011 година беше амбасадор во земјава, ќе го објавиме во утрешното издание (петок, 2 јули) во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат од 22 часот. Разговараме за влијанието на статус квото во евроинтеграциите на динамиката на реформи во С Македонија, за владеењето на правото и борбата против корупцијата како главни предизвици за актуелната влада, за проширувањето на опсегот на извршната наредба на претседателот Бајден, за улогата на ВМРО-ДПМНЕ…