Тимот на Јанева почнува увид во доказите за предметот „Пуч“

0
1152

Тимот на Специјалното јавно обвинителство од денеска го почнува увидот во доказите за случајот „Пуч“ кој е во работа во Основниот суд Скопје 1.

Како што информираше и вчера специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од денеска нејзиниот тим ќе врши увид во пишаните докази, аудио-визуелни докази како и сите останати списи од предметот.
На последното рочиште за „Пуч“, на 14 јануари, Јанева побара од Судот одложување на подолго време поради потребата да извршат увид во доказниот материјал.