ПАРТИИТЕ СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР ЗА ПРЕПОРАКИТЕ ОД ОБСЕ, МАРИЧИЌ: НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ СЕ ГЛАСА СО ОТВОРЕНИ ЛИСТИ

0
799

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска изјави дека партиите се блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик, но сепак останува потешкиот дел, а тоа е конечен договор за самиот изборен модел. Потребно е да се постигне консензус и да има согласност од релевантните политички партии, што ќе биде добро за државата, за меѓусебната доверба, а како препорака ни е дадено и од Венецијанската комисија.

“Досега се одржаа и неколку состаноци и со претставниците на политичките партии, на кои се дебатираше за начинот и динамиката на промена на изборниот модел. Лично сум задоволен што најдовме заеднички јазик, односно сме блиску до договор за имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Сепак сега останува потешкиот дел, а тоа е конечен  договор за самиот изборен модел” – рече Маричиќ на конференција за Изборни реформи во Северна Македонија во организација на Министерството за правда и НДИ.   

“Владата смета дека веќе на локалните избори, членовите на општинските совети треба да се бираат преку отворени листи. На овој начин граѓаните ќе имаат можност да гласаат повеќе за личност отколку за партија, што ќе биде дополнителна вредност и мотив партиите да кандидираат луѓе со кредибилитет во општествотоГенерално меѓу сите партии има согласност за ова, но останува предизвик да се разговара за начинот на кој градоначалниците ќе го освојуваат мандатот. Односно дали тоа ќе се направи во прв или пак треба да има и втор круг. Сметам дека со креативност и меѓусебна доверба, ова прашање може да биде надминато и на крајот сите заеднички да застанеме позади измените на Изборниот законик” – рече Маричиќ.