АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ИМ ГИ ИСПЛАТИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ СУБВЕНЦИИ ЗА 20% НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ

0
1037

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 51 милион денари на сметките на 2332 индивидуални земјоделци.

Парите се исплатени за мерката “Дополнителна помош од 20% на носител на земјоделски стопанства кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење на земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување”.

“Право за користење на овие средства имаат сите земјоделски стопанства кои се регистрирани земјоделци и кои земале субвенции по основните мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Овие корисници ќе добијат за 20% повисоки субвенции на вкупната исплатена сума по основни субвенции” – информираше директорот на Агенцијата, Никица Бачовски.