СЕ РАБОТИ НА ПОДОБРУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО, ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ЈА ПРИБЛИЖИМЕ УСЛУГАТА НА МАТИЧНИТЕ ЛЕКАРИ КОН ЖИТЕЛИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

0
665

Министерот за здравство, Венко Филипче одржа состанок со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, со претседателката на Здружението на приватните лекари, Лилија Чолакова-Дервишова и со координаторите на региони на здружението од градовите низ целата држава.

На средбата се дискутираа повеќе теми со цел подобрување на работата на матичните лекари, зголемување на функционалноста и унапредување на условите за работа на матичните лекари.

“Целта е преку размена на информации да се придонесе кон реализација на квалитетни решенија. Во периодот што следува ќе се преземат потребните активности за приближување на услугата на матичните лекари кон пациентите во руралните средини со што ќе се обезбеди пристап кон квалитетна здравствената заштита за сите граѓани” – стои во соопштението.