ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА СРЕДБА СО РАБОТОДАВАЧИТЕ: ПОСТИГНАВМЕ ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ, ГО ПОДДРЖУВАМЕ РЕАЛНИОТ СЕКТОР И СЕ БОРИМЕ ПРОТИВ НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА

0
626

“Пораката на финансиска стабилност и ликвидност на државата: сметајте на својата Влада, на својата држава. Тука сме да помогнеме и видовме дека кога помагаме, веднаш се’ се враќа во буџетот. Испраќам и порака на соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со сите компании во нашата земја и секогаш низ дијалог да ги изнаоѓаме решенијата” – порача премиерот Зоран Заев на свеченото Собрание на ОРМ.

Премиерот Заев потсети дека поминавме една многу тешка година за целиот свет и за нашите граѓаните и нашето стопанство и дека сега сме една од позитивните земји која знаела да интервенира, да помогне се’ со конечна цел – да опстојат бизнисите, а работниците да ги зачуваат своите работни места и да добиваат плати.

Заев потенцираше дека стабилните плати, растот на работните места и намалувањето на невработеноста во државата се возможни само преку приватниот сектор. Ако растат компаниите и се поконкурентни и продуктивни, тогаш бенефитот веднаш доаѓа за работниците и за државата.

Во фокусот е и борбата против сивата економија затоа што ја уништува лојалната конкуренција на пазарот. Се осврна на енергетската ефикасност, на заштедата на енергија, дигитализацијата и порача дека како држава треба да го зголемиме производството, да ги зголемиме извозот и севкупната конкурентност.