Копукот кој му ги чеша ташаците на Грујо како претседател на на Советот на јавни обвинители не кажува од кај знае дека Jанева ќе поведе само 28 истраги

0
934

121366

Советот на јавни обвинители ќе го зголеми бројот на соработници на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева само доколку таа земе во работа повеќе од 28 предмети. Вакво беше образложението на претседателот на Советот Петар Аневски но без да објасни како го процениле бројот на предмети на Јанева која и самата тврдеше дека не се знае колку предмети ќе произлезат од прислушуваните разговори.

Денеска обвинителите одлучија да не го разгледуваат барањето на Јанева да се избере и останатиот дел од тимот кој што го предложи бидејќи го доставила списокот со истите четиринаесет имиња.

Пред Јанева да го достави барањето до Советот да ги избере и останатите седум обвинители, истото преку писмо од министерот Јашари го побараа и партиите потписнички на договорот од Пржино. Аневски рече дека Советот не работи по препораки на партиите и дека се почитува Законот за Специјалното обвинителство нагласувајќи дека за бројот на обвинители одлучува Советот.

Од Советот на јавни обвинители и порачаа на Јанева дека вратата за неа е отворена да дојде и да се најде излез од ситуацијата.

Претходно избраните седум обвинители ја послушаа специјалната обвинителка и не дадоа заклетва бидејќи со тоа како што изјави би ја потврдиле првичната одлука на Советот која што според неа е спротивна на Законот за специјалното обвинителство.

Извор: 24Вести