ШОКАНТНО – Револтирана мајка: Ме оставија сама со оперирано дете за да одат на митинг

0
1076

Мајка на оперирано дете, револтирана бидејќи персоналот во болницата во Охрид ги напуштил за да замине на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, напиша на ѕидот на активистката Мери Николова.

mia 22

Почитувана Мери, јас сум мајка на дете кое вчера се оперирасе во Охрид на хируршкото одделение.Веднасшпосле операцијата ме викнаа во шок соба, што е строго забрането за да седам со детето, бидејки цело време повракаше од анестезијата, за да можат сестрите да излезат во 12.00 да одат на митинг во Скопје.Верувајте, шок собата остана без стручен персонал само со еден болницар кој во меѓувреме и се јави на жена му да му намести црвена маица со образложение дека добил наредба дека мора да оди.Една од сестрите кога и се јавија дека мора да оди ги праша дали место нејзе може мајка и, бидејки има мало дете , и одговорија дека не може, но побараа име и презиме од мајката и и кажаа на кој пункт треба да се јави.Сабајлево сите сестри се мамурни, ненаспани бидејќи се вратиле во 02.30 и сите се жалат дека никој нема обзир према нив дека работат со пациенти.Додека јас цела ноќ се борам со болките на моето дете низ главата ми се вртат безброј прашања , јас бев нем сведок ме оставија сама во шок соба со штотуку оперирано дете.

Еве што напиша Мери Николова

Иако се вратив утрово од пред Влада и решив да поспијам малку, една родителска порака допре до мене и ме остави со болка и без сон. За зачувување на приватноста сликата на малото дете ќе ја зачувам за себе, која ми беше пуштена директно од болницата каде престојува и е се уште во шок соба, тоа беше само за мене доказ дека родителот ја зборува вистината. СРАМ ДА ТИ Е ГРУЈО!!! СПИЕШ ЛИ МИРНО ДИКТАТОРЕ?

merinikolovastatu1