ГЕРО, ВМРО И МРЧАТОРИ НА АПАРАТИ : ЕУ ЌЕ И ДАДЕ НА ЗЕМЈАВА 66 МИЛИОНИ ЕВРА ДОНАЦИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНАВИРУС КРИЗАТА

0
792

За справување со последиците од кризата со КОВИД 19, обезбедени се 66 милиони евра за Северна Македонија, најавени пред неколку недели, велат од Делегацијата на ЕУ. Дополнително, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи со фискалните последици, велат оттаму. Првата донација од итно потребни материјали во која има и респиратори ќе биде доделена утре. Во соопштението од Делегацијата е наведено дека поради недоразбирањата кои се појавија во врска со помошта од ЕУ за земјата да се справи со ситуацијата со КОВИД 19, Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија сака да ги ажурира информациите за дистрибуцијата на донацијата.

„Четири милиони евра се за итно потребни медицински материјали, а првата испорака, која ги вклучува и толку потребните респиратори, ќе биде направена утре, три милиони евра се за директна буџетска поддршка – процедурите се во тек и ќе се реализира во наредните недели, девет милиони евра се за директна поддршка за мали и средни претпријатија која ќе почне да се реализира на есен, а 40 милиони евра – фондови, исто така, за поддршка на мали и средни претпријатија, но и активни мерки за вработување за кои се прават последните договори со Владата, со цел првата транша средства да се префрли во Буџетот по завршување на летото. Исто така, 10 милиони евра се алоцираат за евентуални здравствени и други итни потреби кои можат да се јават во иднина, се вели во соопштението од делегацијата на ЕУ во земјава.

Македонски донатори во време на коронавирус

Покрај оваа донација, Делегацијата на ЕУ заедно со вклучените партнери е во процес на подготовка на можно пренасочување на фондовите од тековни проекти кон итни и мерки за заздравување поврзани со КОВИД 19 кризата. ЕУ активира различни механизми за натамошна помош и поддршка на Република Северна Македонија за справување со коронавирус кризата, се вели во соопштението.

Извор : СлободнаЕвропа