ЈАС СУМ ПРОФЕСОР И КАЈ МЕНЕ НА НАСТАВА ЧЕСТО СЕ СЛУЧУВА ДА НЕ КОРИСТАТ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ, ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

0
673

Јас сум на пример професор и кај мене на предавање многу често се случува да не може да се користи мобилен телефон и честопати студентите ги оставаат мобилните телефони настрана, додека траат предавањата, рече премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали носењето телефони ќе се регулира и во останатите училишта на територија на државата, како што тоа го веќе го направи едно основно училиште од Пехчево.

Што се однесува до можната регулација на користењето на апликации за време на настава или паузи во настава, премиерот вели дека живееме во време на интензивни комуникации, во време кога младите, но и повозрасните користат голем број социјални мрежи на кои споделуваат најразлични содржини.