ОПШТИНАТА КАРПОШ ЌЕ ИМА БУЏЕТ ОД ОКОЛУ 8 МИЛИОНИ ЕВРА, СТЕВЧО ГРОМОТ: ЌЕ ЈА СТАБИЛИЗИРАМ ОПШТИНАТА И ЌЕ ГИ СКРАТАМ НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ДА ИМА ПАРИ ЗА НОВИ ПРОЕКТИ

0
752

“Општина Карпош во 2022 година ќе има буџет во висина од 485 263 000 денари што е најмал буџет во последните 15 години, а трошоци од 530 милиони денари” – објави градоначалникот Стевчо Јакимовски од партијата ГРОМ.

Тој се пожали на слабиот финансиски прилив во општинската каса.

“Буџетот законски се формира како просек од приходите во изминатите 3 години зголемен за 30%. Просекот на буџетски приход во изминатите три години бил многу низок: 390 милиони, 330 милиони и 340 милиони денари. Затоа во 2022 година ќе имаме историски најнизок буџет” – објави Јакимовски.
Според него, прва цел ќе му биде да ја стабилизира општината со одблокирање на сметката и кратење на непродуктивните трошоци за да има пари за нови проекти.