ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ : ДО ДРЖАВЕН ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД СЕ ПОДНЕСЕНИ 11 ПРЕТСТАВКИ ЗА ПОВРЕДА НА ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС ОД СТРАНА НА ,,НИКОБ ДОО” СКОПЈЕ

0
777

🔴Почитувани работници и работнички,

👉📄 Во период од 01.01. до 01.07.2023 година до Државниот инспекторат за труд поднесени се 11 претставки за повреда на права од работен однос од страна на работодавачот НИКОБ ДОО Скопје. ⬇️

❌📢Најчесто со наводи кои се однесуваат на тоа дека на работниците не им се исплаќаат додатоци на плата за ноќна работа, прекуврема работа и работа на празник и со задоцнување им се исплаќа платата која е пониска од минималната плата утврдена со закон.

✔️📝Во врска со поднесените претставки извршени се вонредни инспекциски надзори во правниот субјект НИКОБ ДОО Скопје, при што се утврдени неправилности за кои со решенија согласно член 258 од Законот за работните односи изречени се 7 инспекциски мерки опомена и согласно член 258-а од истиот закон изречена е една инспекциска мерка наредба.

📌📖За две поднесени претставки инспекциските надзори се во тек, ќе продолжат контролите и надзорите во НИКОБ. По завршување на истите ќе бидете дополнително известени.