ЛУДИ НЕНОРМАЛНИ КОКОШКИ: Роза и Солза продаваа муда за бубрези во собрание и ја бранеа владата од ДОГОВОРОТ ВО ПРЖИНО!?!?!?!

0
1248

Завршија комисиските расправи за пакетот закони за кои политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во петокот постигнаа договор. Најдолга расправа имаше за измените на Кривичниот закон и Законот за приватност.

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, рече дека Законот за приватност не е доволно добар, но за да не го кочат процесот тие нема да прават никаков застој, јави Мета.

Тој рече дека со овој закон се овозможува кој сака и како сака да ја злоупотребува приватноста на луѓето и дека најоштетени од овој закон ќе бидат граѓаните.

Пратеничките Солза Грчева и Роза Топузова – Каревска рекоа дека целата оваа ситуација е вулгаризирање на законодавниот дом и дека не е во ред само четворица лидери на политички партии да одлучуваат за сите граѓани.

Во еден момент расправата прерасна во препукување помеѓу пратениците кој е поголем патриот и кој повеќе си ја сака државата.

По двочасовната расправа на Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, расправата во Законодавноправната комисија заврши за неполни пет минути.

Законите во моментов се на пленарна седница.