ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА МТВ : Јавноста да не се плаши од концептот ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО, тоа ќе го користиме максимално насекаде, и во здравството и во другите сектори, на пример студентскиот дом МЕДИЦИНАР ќе го понудиме на приватниот сектор

0
1377

– Концептот ПРИВАТНО – ЈАВНО ПАРТНЕРСТВО не треба да ги плаши граѓаните, ние не сме толку богата земја се да градиме со народни пари, мораме да го користиме приватниот капитал, и така ќе мораме да ги платиме тие сервиси, подобро е да го споделиме товарот со приватниот сектор кој ќе најде свој интерес преку други сервиси. На пример, ќе го понудиме студентскиот дом МЕДИЦИНАР на приватниот сектор, инвеститорот ќе добие дуќани и станови на атрактивна локација а ќе треба да ни обезбеди нас на државата одреден број на соби за студентите.

Премиерот Заев за најавата за приватно – јавно партнерство во здравството и другите сектори.